Пред Собранието никако да се смири револтот од највозрасните граѓани во државава, кои со месеци бараат достоинствени примања. Пензионерите од цела Македонија денеска повторно протестираат во Скопје, но овој пат пред Собранието, Зашто, како што кажаа – изгубиле доверба во владата и премиерот, кои на нив се сеќаваат само пред избори за да ги поткупат. Сега, решени се да бараат поддршка од пратениците, објави АЛФА.
Ја изгубивме доверба во Владата и сега се крстиме во пратениците, од кои очекуваме да не поддржат во нашите барања за достоинствени пензии. Највозрасните граѓани од цела Македонија повторно дојдоа да протестираат во Скопје, но овој пат пред Собранието, зашто, како што кажаа – владата и премиерот, со месеци се глуви на барањата за раст на нивните примања, и на пензионерите се сеќавале само пред избори за да ги поткупат.
И од Иницијативниот одбор на прилепските пензионери беа присутни на протестот. Верче Јаневска спомена дека министерската Тренчевска им рекла дека 5.3 проценти зголемување на пензиите биле многу за нив.
Ние не сме јаделе како нив. Таа нека ги извади шамиите кои ги носи, нека не го иритира народот, туку нека застане и нека каже што таа направи за пензионерите во нејзиниот мандат, рече Јаневска.
Пензионерите не отстапуваат од барањата за минимална пензија 18.000 денари, линаерно покачување од 5.000, како и укинување на партиципацијата за жени од 62 и мажи од 64 години.