За време на посетата на Штип, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во текот на изјавата за медиумите, а по средбите со раководствата на СВР Штип и Регионален центар за гранични работи Исток, беше запрашан дали ќе се проширува проектот Safe City и во другите градови.
„Во овој момент имаме во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес за надградба на целиот овој систем, кој ќе ги вклучува и автопатите низ државата, а ќе се вклучи електронско утврдување на сообраќајни прекршоци. Идејата е да се проширува, пред сѐ во големите градови каде има поголема фреквенција на луѓе, а Штип е еден од тие градови. Мора да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е прилично мирно и стабилно, меѓутоа секаде каде имаме видео надзор доаѓа до подобрување на безбедносната состојба и помага во откривачката дејност. Проектот ќе се проширува и понатаму, со цел да се постигне едно повисоко ниво на безбедност”, истакна Спасовски.
Извор: МВР