(ВИДЕО) Две лица загинаа во пожар во домот за стари лица во Белград

Две лица загинаа во пожарот што избувна вечерва во домот за стари лица во Мали Мокри Луг, предграието на Белград. Повредените се пренесени во ВМА. Евакуирани се 73 корисници на домот и осум вработени.

Припадници на Одделението за вонредни состојби на МВР го локализирале пожарот кој избувнал на улицата Партизанска бр.34 од зградата на Дом за стари лица во Мали Мокри Луг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Пребарувајќи на местото на пожарот, кој целосно зафатил една соба на третиот кат, пожарникарите пронашле едно починато лице И.М старо 82 години, додека другото лице П.Д на возразст од 92 години кое било пронајдено е предадено на екипите на Брза помош, по што починало.

Во пожарот се повреден шест лица кои се пренесени на ВМА. Пожарникарите и спасувачите евакуирале 73 корисници од домот и осум вработени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Во гаснењето на пожарот учествувале 27 пожарникари-спасувачи од Белград.

Причината и сите околности за наведениот пожар ќе ги утврдува истрагата.