На македонските власти од Турција им биле доставени отпечатоци и папиларни линии за случајот со убиството на Вања и Панче – откри во „Само интервју“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој појасни дека полицијата целосно го завршила својот дел од работите во оваа фаза од разоткривање на трагедија, но и во понатамошниот тек ќе постапува и ќе биде вклучено за сите аспекти.