Авионот кој се урна синоќа во Грција натоварен со оружје полетал од Ниш и требало да стигне во Јордан.
Авионот ја прелетал и Македонија, поминал покрај Солун и летал над Егејско Море кога свртен назад кон копното и се упатил кон градот Кавала каде требало да слета, но не успеал во тоа и се урнал.
Силни експлозии снимиле луѓето кои сведочеле на уривањето на авионот близу Кавала.
Во текот на денешниот ден најавена е прес конференција на властите во Белград кои ќе соопштат повеќе детали за тоа чив бил авионот, каде летал и што превезувал.
https://www.youtube.com/watch?v=Latau9jLAVo&t=86s