Home TOP NEWS (ВИДЕО) Да се отвори случајот за киднапирањето на малата Билјана од 1989,...

(ВИДЕО) Да се отвори случајот за киднапирањето на малата Билјана од 1989, и таа беше пронајдена во Бразда, апелира Ѓурчевски

0
212

Анализирајќи го случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во емисијата на актерот Сашо Тасевски на Ем ТВ, поранешниот началник во МВР и безбедносен аналитичар Љубомир Ѓурчевски посочи на сличноста со случајот на киднапирањето на малата Билјана Србиновска во 1989 година, објави Република.

Тој потсети дека таа била киднапирана на сличен начин како и Вања, или од влезот на воената во Карпош 2 каде што живеела или во непосредна близина, а нејзинототело било пронајдено исто така во атарот на селото Бразда, само на различна страна. Тој вели дека полицијата треба да го отвори и тој случај, и со оглед на тоа што случајот е сличен како овој, и да се утврди дали има поврзаност на сега осомничените со киднапирањето на деветгодишната Билјана, бидејќи тој случај и ден денес е нерешен.

Ѓурчевски, исто така, во интервјуто кажа дека такво убиство не може да свари сечиј организам, бидејќи, како што вели, нормален ум тоа не може да го направи, ако не е под седативи или во непресметлива состојба, „освен ако тоа не го сторил повеќепати претходно со што ја истиснал целата човечност од себе“.

извор: Република