Српската пејачка Марија Шерифовиќ (39) станала мајка.
Таа на својот Инстаграм профил сподели кратко видео на кое се гледа рачето на нејзиниот син Марио, а до него напиша:
„Љубовта ми пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Се роди Марио. Сине животот нека те води низ своите најубави патеки, а јас со својата љубов ќе те чувам од тагата и од луѓето. Ви благодарам на сите што праќате љубов и нека тивко и топло биде сè она што доаѓа од вас кон него“.
Според пишувањата во српските медиуми бебето се родило на почетокот на декември.
View this post on Instagram