Забрана за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово и Гостивар-Стража-Кичево

Како што соопшти АМСМ, од 15:45 се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар- крак Маврово- Маврово и Гостивар-Стража –Кичево.

Кон останатите возачи се апелира да ја прилагодат брзината на условите на патот и да возат внимателно почитувајќи ја сообраќајната сигнализација на патиштата.