Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска го разрешила в.д. директорот на Конзерваторскиот центар Скопје, Костантин Димитровски кој заедно со уште десетмина беше приведен под сомнение за уривање на хотелот „Шар Ан“ во Старата скопска чаршија кој е прогласен за културно наследство.
Од Министерството за култура за МИА ја потврдиле веста дека директорот е разрешен и дека на негово место е назначена нова в.д. директорка.
По повеќемесечна предистражна постапка, во средата Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција покрена истрага против 11 луѓе. Тие се сомничат дека во периодот од октомври 2022 до септември 2023 година со уривање на хотелот „Шар Ан“ во Старата скопска чаршија ги сториле кривичните дела злосторничко здружување, оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и злоупотреба на службената положба и овластување, а со тоа го оштетиле и Буџетот за околу три милиони евра.
Фото: Социјални мрежи