(ВИДЕО) Албанец застрела три момчиња пред клуб во Атина

Грчката полиција трага по двајца државјани на Албанија, кои се осомничени дека ладнокрвно застрелале три млади момчиња синоќа во Атина, во населбата Гази.

Безбедносните камери го снимиле моментот кога еден од напаѓачите по вербална расправија вади пиштол и пука во главата на момчињата. Сѐ се случувало пред клуб, пред бројни сведоци.

Осомничените излегле од луксузен „ренџ ровер“ и се доближиле до групата која стоела на улицата и оттаму започнала тепачката.

Во еден момент осомничените во придружба на тројца од групата се упатуваат кон нивното возило. Потоа избива тепачка и еден млад човек го удира возачот на џипот, додека другиот почнува да го клоца другиот.

Неколку секунди подоцна, пред бројни сведоци, мажот вади пиштол и почнува да пука.

Прво нишани во главата на младиот човек кој го удрил неговиот другар, потоа пука во вториот млад човек кој почнува да бега, а потоа го застрелува и третиот млад човек кој ја гледал тепачката.

На пукањето посведочиле најмалку седум лица, кои дале изјави во полиција.

Според медиумите, едно од младите е во критична состојба, додека другите двајца се стабилни.