Во шпанскиот град Аликанте е уапсен Љуљзим Б.(52), водач на албанска криминална организација кој е во бегство речиси 20 години, пренесува Euro Weekly News.
Тој беше бараан поради двојно убиство.
Криминалната група на Љуљзим Б. се вика Драч, по името на градот во Албанија. Групата е поврзана со десетици убиства од 1998 година. Тој почнал да се занимава со криминал во раните 90-ти.
Неговата организација, позната по контролата на трговијата со кокаин и оружје во Албанија, беше доминантна сила во регионот. Со апсењето се затвора нерасчистеното убиство на две лица кои беа убиени во албански град во 2005 година. Се верува дека ова злосторство е резултат на насилна пресметка меѓу ривалските кланови, пишува Euro Weekly News.
Во 2012 година, албанскиот суд им изрече тешки казни на членовите на криминалната група на Љуљзим Б. Шеснаесет од нив добија доживотен затвор, а останатите добија вкупно 267 години за кривични дела, вклучувајќи убиство, изнуда и киднапирање. Албанските власти ја истакнаа важноста на ова апсење во нивната борба против организираниот криминал.
Љуљзим Б. беше уапсен во април 2006 година во Македонија, а во 2016 година можеше да го напушти затворот поради здравствени причини. Тој го напушти затворот без да ја отслужи 25-годишната казна што му беше изречена откако албанскиот суд му ја укина доживотната казна.
Откако беше ослободен, се појавија докази кои го поврзуваат со други злосторства, а повторно беше наредено негово апсење, а потоа и затвор, јавуваат албанските медиуми. Сепак, тој побегнал од земјата и не се знаело каде се наоѓа до неговото апсење во Аликанте.
Првичната истрага ја одведе полицијата до шпанскиот брег на Левантин. По неколку недели прецизен надзор, полицијата идентификуваше стан во Сан Хуан де Аликанте како негово скривалиште.
Националната гарда следеше и друг член на организацијата на Љуљзим. Тој бил фатен додека се подготвувал да го префрли својот шеф. Апсењето претставува победа во меѓународните напори за спроведување на законот против организираниот криминал.