Судот во Оклахома го ослободи од вина Глин Симонс, кој беше во затвор речиси 50 години, откако е утврдено дека не е виновен, известува Анадолу.
Судијата на Окружниот суд во Оклахома, Еми Палумбо, пресуди дека 71-годишниот Глин Симонс, кој мина повеќе од 48 години во затвор поради обвинение за убиство, не е виновен.
„Нашиот суд пронајде јасни и уверливи докази дека Симонс не го сторил злосторството за кое е осуден“, наведе Палумбо.
Глин Симонс во 1975 година е осуден на смртна казна поради убиството на Керолин Сју Роџерс во 1974 година, а казната подоцна е заменета со доживотна робија.
Симонс и кообвинетиот Дон Робертс беа осудени на смрт. Казните подоцна се намалени на доживотен затвор.
Симонс влезе во историјата како затвореник со најдолг стаж на „недолжно обвинет“ во САД.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.