(ФОТО) Карлеуша на концертот на Милица пристигна во необично издание

Во Арената пристигнаа многу пријатели на пејачката, но и колеги кои дојдоа да и дадат поддршка.

Непосредно пред почетокот на концертот, во Арена пристигна Јелена Карлеуша, која ќе биде специјална гостинка на концертот на Милица.

Јелена како светска ѕвезда дојде во необичен аутфит, кафеав капут и влечки во иста нијанса, па сите гледаа во нејзините нозе.

Таа имаше големи очила за сонце на лицето, па се претпоставува дека ќе ги користи на настапот вечерва.

Јелена штом пристигнала пред Арената веднаш била спроведена до местото каде што може да се подготви за концертот, па не била расположена за изјави и позирање.

Сепак, нашиот фоторепортер ја фотографираше пејачката, а како изгледа погледнете на сликите во галеријата, како и на видеото на почетокот на текстот.

 

 

telegraf.rs