Маж од Флорида бил застрелан и убиен од полицијата откако го фрлил својот 9-годишен син во оган, тврдејќи дека момчето е „обземено од ѓаволот“.
Полицијата соопшти дека добила повик за луѓе кои запалиле куп ѓубре на страната на патот. Кога пристигнале на местото на настанот, се соочиле со Ричард Хам , кој бил вооружен со две метални шипки.
Според полицијата, тој одбил да ги исполни нивните барања, поради што тие морале да го искористат електричниот пиштол.
Но нервозниот маж не бил совладан, Хем го извадил тејзерот и повторно замал една од прачките. Со неа го нападнал полицаецот кој добил удар во глава.
Полицаецот потоа извадил пиштол и го застрелал Хам.
Мажот веднаш бил пренесен во болница каде била констатирана смрт.
По истрагата, полицијата дознала дека Хам и 30-годишната Лакења Филипс ги запалиле работите на нејзиниот деветгодишен син бидејќи верувале дека е детето е опседнато од демон.
Еден сведок изјавил дека Хем го ставил момчето во оган и го покрил со запалено ќебе, но за среќа момчето избегнало сериозна повреда.
Деветгодишното момче и открило на полицијата дека се капело 10 дена и дека не јадело ништо во последните 24 часа пред инцидентот.