Пред кафе бар во Крива Паланка, што е во сопственост на градоначалникот Сашко Митовски, околу еден часот по полноќ се случила масовна тепачка, во која десетина лица се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани.
„Нетпрес“ тврди дека во тепачката учествувал и братот на градоначалникот.Од Министерството за внатрешни работи, го потврдија случајот.
„На 24.12.2023 година во 01.15 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на улицата „Јоаким Осоговски” во Крива Паланка дошло до физичка пресметка помеѓу повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, посочија од МВР.
Сашко Митовски, во јануари годинава беше обвинет дека му удрил два шамари на полицаец од Крива Паланка.Полицаецот Кристофер Стоевски, објави дека ноќта на 13 јануари бил нападнат од Митовски, кој бил во алкохолизирана состојба.
Извор: „Нетпрес“