(ВИДЕО) Тензично во Белград – Полицијата го блокираше влезот во Градското собрание во Белград, граѓаните и опозицијата ги растерува со солзавец

Пратеникот од Зелено-левичарскиот фронт Радомир Лазовиќ вечерва ги повика полицајците да се оддалечат од влезот на градското собрание во Белград и да дозволат советниците да им се обратат на насобраните граѓани, за да се смири ситуацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Никој не сака насилство, ние се бориме против насилството, овие луѓе вршат насилство, а не граѓаните врз кои се користи сила“, изјави тој пред новинарите пред Градското собрание.

Тој порача дека граѓаните се бесни, но дека секој треба да се потруди да не дојде до крвопролевање.

„Ние ги браниме институциите и овие луѓе се насилници“, рече Лазовиќ, покажувајќи кон градскиот парламент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Коментирајќи ги најавите дека српскиот претседател Александар Вучиќ наскоро би можел повторно да се обрати, Лазовиќ рече дека тоа веќе никој не го интересира.

„Тој е лажго, манипулатор и крадец. Никому веќе не му е гајле за тоа. Човече, ги изгубивте изборите во Белград, тргнете се од патот“, рече Лазовиќ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во вонредното обраќање до јавноста вечерва изјави дека не е во тек никаква револуција и дека земјата е доволно силна да ги брани Србија и Белград.

– Ништо од ова нема да им успее. Се трудиме со блага реакција за да не повредиме некој од случајните учесници. Се собраа 2.490 луѓе, а во овој момент пред градското собрание има вкупно околу 1.195 лица, изјави Александар Вучиќ нешто по 20:00 часот во обраќањето до јавноста во врска со протестот на опозицијата.

Тој додаде дека во регионот „почнале да слават“ и да зборуваат за „успешната револуција што е во тек во Белград“, што, според неговите зборови, покажува дека вечерашните настани во главниот град на Србија „не се само производ на внатрешна мудрост и глупост, туку многу посериозни геополитички околности во кои се обидуваат да ја урнат независноста, самостојноста и суверенитетот на Србија“.

Некои го покажаа своето лице, дека насилството им е единствениот облик на борба, оцени Вучиќ.

– Со денови укажувавме на тоа, го предупредувавме странскиот фактор за тоа, им благодариме на оние странски служби кои јасно ставија до знаење што се подготвува, рече претседателот на Србија.

Оние кои се колнеа дека се борат против насилството, рече тој, само уште еднаш потврдија дека се вистински насилници, силеџии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

– Државата е доволно силна да ја брани Србија, да го брани Белград. Ќе бидат апсени бунтовниците и насилниците, и секогаш така ќе се однесуваме, посочи тој.

– Ќе ја зачуваме слободата, автономијата и независноста. Ќе ја браниме нашата Србија, само да го зачуваме мирот, државата е сигурна, ќе си ја зачуваме куќата, рече Вучиќ.

 

фото: Tanjug