Јутјуберот Стефан Лазаров вели дека во изминатите денови од различни луѓе добил информации дека некои од лицата за кои граѓаните донираат се измамници. Тој конкретно говори за неколку стории кои се емитуваат на Национална телевизија, после кои граѓаните донираат. Тој вели дека емисијата не прави некои нелегални работи, но „прстот“ го насочува кон новинарите, за кои вели дека пред да објават нешто треба да истражат.
Во неговото најново видео Стефан објавува уште еден случај за кој тврди дека станува збор за измама, по што ги повикува институциите да се заинтересираат и да ја истражат целата работа.
Станува збор за животна сторија емитувана во емисијата Срце на дланка“ во која се појавува Цене Маџуни, жена која живее во населбата Точила во Прилеп.
Според информациите на Лазаров, кој тврди дека му се точни и проверени, Цена Маџуни лажно тврдела во емисијата дека има болен син кој се лекувал во Хрватска, со што ги измамила граѓаните да и донираат средства.
Кој е всушност Далибор? Дали навистина тој е во кома во болница во Хрватска?
Погледнете што откри Стефан Лазаров:
Видео: YOUTUBE LAZAROV