Јавноста деновиве слушна сведоштва на бизнисмени но и на актуелни градоначалници како Христијан Мицкоски се заканувал и вршел притисоци за одредени тендери во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ.
Шемата е иста како онаа неговиот ментор Никола Груевски и неговиот 11 годишен режим чиј дел беше и самиот Мицкоски. Ова се сериозни обвинувања од страна на бизнисмени и градоначалници за сериозна вмешаност на Мицкоски во незаконско постапување. Јавното обвинителство мора по допрен глас да ги истражи овие наводи, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Ова е особено важно по последната пресуда за Талир 2 и докажаните шеми на криминално функционирање на ВМРО-ДПМНЕ. Како на пример и случајот со плацевите на Водно каде меѓудругото и Никола Груевски доби судска казна со 7 години затвор и конфискување на тајниот имот
Важно е да се испита дали такви криминални шеми постојат и сега под раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да излезе од криминалната и режимска матрица, оваа партија знае само за одбрана на криминал, за закани и уцени.
ВМРО-ДПМНЕ е иста и како власт и како опозиција работи на штета на интересите на граѓаните и државата.