Денес Богданка Кузеска одржа прес конференција против Оливер Спасовски, велат од ВМРО ДПМНЕ

Не сакаме да навлегуваме во внатрешните односи на СДСМ и прес конференциите на Кузеска, но очигледно е дека нема водач во бродот кој тоне, СДСМ. Како тоа Кузеска збори за рекет на ВМРО ДПМНЕ, кога ВМРО-ДПМНЕ е опозиција. Тогаш ако тоа е точно, што прави МВР на Спасовски?

СДСМ партијата која го воведе Рекетот во политиката, се вели во Соопштето од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост:

Денес Богданка Кузеска требаше да излезе и да каже каде се 8-те милиони евра кои завршиле според осудените во овој случај во рацете на Вице и Зоран Заев.

Воедно Богданка Кузеска е добро да каже каква е поврзаноста на партијата со агенцијата НИКОБ чии вработени се осомничени за насилен рекет.

Каква е поврзаноста на бандите од Грчец и наркотрговијата со полицијата на Спасовски?

Причината за ваквите прес конференции може да се гледа единствено од нервозата поради слабиот рејтинг што се потврдува со сите релевантни анкети.