Телма: Како директорот на Соравија Дрин Ахмети носел 749 пиротехнички средства во гепек

Внукот на Али Ахмети, Дрин кој синоќа е приведен откако во неговиот автомобил беа откриени стотици огномети и пиротехнички средства ќе добие соодветна пријава, уверува МВР.

-На 30.12.2023. во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа од полицијата.

Дрин Ахмети инаку е управител на компанијата “Соравиа инвест” која го поседува 30-тина милиони евра вредниот Соравиа деловен центар сместен до ГТЦ во Скопје. Зделката за преземање на Соравиа беше сомнителна бидејќи самиот внук на Ахмети кажа дека ќе добое 39 % без да уплати ниту едно евро на почетокот на зделката, објави Телма.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет, но од ова обвинителство кое го води Ислам Абази, сограѓанин на Дрин од Зајас и пријател на таткото на Дрин, нема никакви информации за постапката.

Во меѓувреме, Дрин Ахмети на 1-ви септември оваа година е избран за управител на Соравија заедно со еден бугарски државјанин. Промената е впишана во централниот регистар на 13-ти септември. Неполни 4 месеци подоцна Дрин како директор на Соравиа е фатен со полн гепек пиротехника и огномети.

Соравиа инаку во 2022-ра имала добивка од речиси 50 милиони денари (околу 860 илади евра), но останала должна на УЈП над 2,2 милиони денари.

Детали за апсењето на внукот на Али Ахмети

 

извор: Телма.

фото: Телма.