Низа скандали поврзани со семејството на Ахмети. Вчера 25-годишниот бизнисмен годината ја заврши со апсење, откако во багажникот на неговиот „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички полицијата пронајде 749 пиротехнички средства.
Неговиот татко, пак, братот на Али, Фекри, е поранешен затвореник и голем љубител на Албанија. Поради неговиот син, денес на социјалните мрежи повторно се споделува видео од 2019 година, на кое тој му дава чоколадо на коњ, иако и на дете му е познато дека и најмала количина кај животните предизвикува големи проблеми во здравјето, кои најчесто завршуваат со угинување.