Во некои американски држави стапија на сила закони за контрола на огнено оружје

Со цел да се спречи се поголемиот број на масовни престрелки низ Соединетите Држави, од вчера во неколку американски сојузни држави стапија на сила закони за ограничување на носењето огнено оружје на одредени јавни и приватни места.

Во Калифорнија, законот потпишан од гувернерот Гевин Њусом забранува носење оружје на 26 места, вклучувајќи јавни паркови и игралишта, цркви, банки и зоолошки градини. Законот беше усвоен откако Сојузниот суд ја суспендираше забраната според која таквиот закон го прекршува правото на граѓанинот да чува и носи оружје, во согласност со Вториот амандман на Уставот на САД, пишува Гардијан.

Во Илионис, пак, на сила стапи закон со кој се забранува продажба на неколку видови полуавтоматско јуришно оружје, вклучително и пушки АК-47 и АР-15 и магацини со повеќе од 10 куршуми за пушки и повеќе од 15 куршуми за пиштоли.

 

slobodnaevropa.mk