АА во Египет ги сними остатоците на траектот „Салем експрес“, кој на дното на Црвеното Море лежи веќе 32 години

0
190

Репортерската екипа на Агенција Анадолу ги сними остатоците од траектот „Салем експрес“, кој лежи на дното на Црвеното Море од крајот на 1991 година кога потона во текот на пловидбата од Саудиска Арабија кон Египет.

Траектот, долг 100 метри, широк 18 метри, потона при пловидбата од Џеда, а неговиот труп и денес лежи на темното дно на Црвеното Море во близина на градот Сафага.

Бродоломот се случи кога траектот со стотици аџии се приближуваше до пристаништето во Сафага и удри во југоисточниот дел од синџирот гребени познат како Хајндман.

Бродот многу брзо потона, а списокот со неговите патници никогаш не е пронајден. Египетските власти го проценуваат конечниот број на загинати на 470, додека 180 патници и членови на екипажот успеаја да преживеат.

Иако египетските власти ги пронајдоа повеќето тела, нуркањето долго време беше забрането бидејќи потонатиот траект се сметаше за мавзолеј.

– Нуркање со египетски водичи –

Останките на траектот „Салем експрес“ беа снимени од подводниот снимател и продуцент на документарци на АА, Тахсин Џејлан.

Заедно со Џејлан, во експедицијата учествуваа и египетски водичи и неговите пријатели од тимот на „Scuba-Bay“, Јалин Толга Јилмаз, Мурат Кулакач и Месут Бозкурт.

Почитувајќи го барањето на водичот, екипата не нуркаше во внатрешноста на траектот, а членот на тимот Мурат Кулакач се помоли за оние кои ги загубија животите.

Текстот во целост на:Агенција Анадолу

фото: Агенција Анадолу