Скопјанец заработи кривична пријава за измама – Лажел дека е превозник, менаџер, угостител им ги земал парите и го снемувало

0
202

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела „измама“. Во мај 2021 година и во периодот од август до октомври 2022 година, пријавениот со лажно прикажување на факти довел во заблуда осум лица кои ги измамил и се стекнал со противправна имотна корист од 217.000 денари.

Кривичните дела ги извршувал на тој начин што на оштетените им нудел и договарал различни услуги како превоз на патници, стока, набавка на угостителска опрема, камиони, градежни материјали и учество на културни настани, при што на дел им се претставувал и како менаџер на хотели во зависност од договорената зделка. Притоа, од оштетените барал услуга на определено место и лице да дадат парични средства во износ од 250 до 500 евра со ветување дека средствата ќе им ги врати со исплата на договорената сума за договорената зделка. Оштетените, откако ги давале паричните средства и пристигнувале до крајната договорена дестинација, сфаќале дека биле измамени и случаите ги пријавувале во полициска станица.