Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство влегоа во М-НАВ

0
115

Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство од сабајлево вршат вонреден надзор во Македонска навигација (М-НАВ) по физичкиот напад што се случи вчера кон еден од контролорите на летање во зградата на оваа институција.

Директорот на АЦВ, Томислав Тунтев во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека испратени се инспектори од делот за обезбедување и од делот за безбедност со цел да се соберат сознанија што точно се случило и дали евентуално настанало загрозување на безбедноста од било кој аспект.

Струковиот Синдикат на Контролорите на Летање – ССКЛ денеска извести за безбедносни пропусти во службите кои се задолжени за обезбедување на објектот и лицата вработени во објектот на Контролата на летање, како и соучесништво од страна на лица кои се вработени во македонската навигација кои го потпомогнале влезот на неовластените лица кои го нападнале контролорот.