ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.( 30) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Тој, на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево, при вршење на семејно насилство, со физичка сила и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде, на 08.01.2024 починала. Судија на претходна постапка при ОС Кичево, на Ф.Д. му одреди мерка притвор од 30 дена по што е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“.
Related Posts
Трајковски: ДПИ издаде две решенија за затворање на маркети – никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите
Пазарниот инспекторат издал две решенија за затворање на маркети, информира директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски на својот…
(ФОТО) ЦУК: Потрагата се засилува по лицето кое со приватно моторно возило „голф 4“ падна вчера во водите на реката Врадар кај с.Желинo
Согласно информациите во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од ангажираните субјекти – институции од Системот за управување сом…
Денес и утре летни температури, многу сонце и стабилно време
Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од северните предели на Африка, во текот на денешниот ден, како…