Пазарниот инспекторат издал две решенија за затворање на маркети, информира директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски на својот Фејсбук профил.
Трајковски најавува дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо.
Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите), вели Трајковски.
Директорот на ДПИ во својата објава на Фејсбук порачува дека никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите.