Ексдиректорот Нино Васев се гони за осум кривични дела, осомничени се и тројца онколози заедно со организацискиот директор

0
156

Засега не се бараат притвори, туку мерки на претпазливост за ексдиректорите Нино Васев и Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. За тројцата доктори не се бараат мерки. Ексдиректорот Нино Васев има осум обвиненија, едно за Измама во службата, како и седум за Злоупотреба на службената должност, објави plusinfo.mk.

– Мерките се однесуваат само за медицинскиот и организацискиот директор, докторите онколозите не се опфатени. Мерките се забрана за напуштање живеалиште, одземање на патна исправа – рече обвинителката Гоговска-Јакимовска.

Обвинителката додаде дека за медицинскиот директор Нино Васев е побарна уште една мерка.

– За медицинскиот директор има побарано и мерка за оддалечување од работно место – изјави Гоговска-Јакимовска.

Според обвинителката, нема лица кои се во бегство, но кажа дека истрагата ќе се проширува.

Инаку како што информираше обвинителката не се докажало дека докторите од Клиниката за онкологија крателе или краделе терапии од пациентите кои примале скапа биолошка терапија, соопшти обвинителката Ана Гоговска-Јакимоска. Таа кажа дека е постапувано спротивно на протоколите за лекување, во однос на дозирањето на лековите.

– Во текот на предистражната постапка во овој предмет работевме во тим од двајца јавни обвинители. Беа преземени многу правни дејствија и беше прибавена обемна документација. Од исклучителна важност за оваа постапка беа онколошките пациенти и нивните семејства. Јавно им се заблагодарувам и ги охрабрувам и да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби за кои биле сведоци на Клиниката за Онкологија – рече Гоговска-Јакимовска на прес-конференцијата по брифингот со новинарите.

Текстот во целост на:plusinfo.mk