Перо Антиќ вљубен во Сања Ристиќ

0
157

Перо Антиќ, поранешниот кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, не ја крие врската со Сања Ристиќ, инфлуенсерка позната и по детскиот хит „Ех, тој Тоше“.

Именно, чаршиските муабети беа потврдени и со „Инстаграм стори“ кое го сподели Сања, а на кое се гледа како уживаат во празнични пижами.

Перо Антиќ зад себе го има бракот со Ружица, со која има три сина, а потоа беше во врска со познатата манекенка Катарина Ивановска. Сања Ристиќ беше во брак со ракометарот Дејан Пецаковски со кого има два сина.

skopjeinfo.mk