Објавен Јавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

0
77

Министерството за одбрана го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас. Младите лица кои се заинтересирани да се пријават треба да ги исполнат следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и физичка способност и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

Платата на професионалните војници ќе изнесува над 31.000,00 денари, со дополнителни над 10.000,00 денари за станбено обезбедување.

Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.

Кандидатите кои претходно се пријавиле на јавниот оглас за прием на професионални војници и успешно ги поминале сите фази во постапката, а не биле примени на служба во Армијата, доколку од последните проверки, односно прегледи на кандидатите не поминале повеќе од девет месеци, не подлежат на проверка за физичка подготвеност и на здравствени прегледи.

Сите детали, вклучувајќи го и начинот на пријавување можат да се најдат на веб-страницата на Министерството, односно на следниот линк: https://mod.gov.mk/javen-oglas-300-pfv/ .