САД: 21 смртен случај поради обилните снежни врнежи и студеното време

Најмалку 21 лице го загубија животот за шест дена поради зимските услови во одредени американски сојузни држави, јавува Анадолу.

Пријавено е дека бројот на смртни случаи се искачил на 21 во Тенеси, Њујорк, Арканзас, Канзас, Орегон и Мисисипи од 12 јануари поради континуираните снежни врнежи и студеното време што ги погоди шесте сојузни држави.

Метеоролошките служби соопштија дека околу њујоршкиот град Бафало на границата со Канада паднале повеќе од 75 сантиметри снег, што го отежнало сообраќајот, а брзината на ветерот помешана со снег на места ќе достигне и до 65 километри на час.

Се наведува дека ниските температури во централните делови на земјата до утре ќе се вратат на опасни нивоа и ќе го зголемат ризикот од смрзнатини.

Според веб-страницата „FlightAware“, која го следи сообраќајот на летови, 1.090 летови биле откажани и 4.221 одложени во САД вчера.

Веб-страницата „Poweroutages“ објави дека речиси 95.000 луѓе се без струја денеска во три американски држави.

 

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.