(ВИДЕО) Раката на Св.Јован Крстител и денес се чува во Истанбул

Коски од раката на Свети Јован Крстител кои уште во времето пред црквовниот раскол биле ставени во рака изработена од злато и сочувани во тогашен Костантинопол и денес може да се видат во Истанбул.

Оваа црковна реликвија се чувала во Света Софија до падот на Константинопол, но и натаму по освојувањето на градот од Османлиите, оваа реликвија е сочувана до денешен ден.

Денес раката на Свети Јован Крстител, со која тој го крстил Исус Христос се чува во т.н. Одаја на светите мошти, во Топкапи Сарај во Истанбул и неа може преку стакло да ја видат посетителите.

Раката се чува целосно изолирана од околината, во стакло, каде нема воздух.

news1.mk