(ВИДЕО) Чудо во Витлеем на празникот Богојавление, бел гулаб слета за време на осветувањето на водата

На социјалните мрежи меѓу православните верници се шири видео на кое се гледа еден момент кој многу верници го нарекуваат чудо.

Имено, за време на молитвата, односно додека свештениците ја осветуваа водата за празникот Богојавление, на Патријархот му слета бел гулаб на митрата, пред сите присутни во црквата. Богојавление е денот на кој според христијанското предание св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, додека белиот гулаб во православието го преставува симболот на Светиот дух.

Видеото веднаш стана вирално и почна да се шири на социјалните мрежи, а многу верници овој настан го нарекуваат чудо.

Според христијанското верување кога Јован Крстител го крштевал Исус Христос на реката Јордан, над него се отворило небото и слетал Светиот дух во вид на гулаб. И токму на вчерашниот ден, на празникот Богојавление (Водици), кој се одбележуваше низ целиот свет, а за кој обичај е верниците да пливаат во вода по Чесниот крст и да се поздравуваат со зборовите „Бог се јави“, во Витлеем, градот каде е роден Исус, се случи овој необичен настан.

glamur.mk