👉Соработката по однос на координираните напади против мене на левица и сдсм на денешното гласање за нов спикер собрание, добија на интензитет!!
👉 Така уличарот, шарениот револуционер, соработникот на Катица, катализатор на носењето на власт на платформата „живот за сите“ и естраден уметник Апасиев, рецитирал поезија за Таљат и Јован и ме спомнал мене..
👉 Е сега вака, ко ќе ми ја дајт Јован златната рипка по шо ќе имам три желби, ќе ги искористам на следниов начин:
-желбата бр. 1 ќе ја искористам да посакам просперитет на Охрид и охриѓани и на цела Македонија‼️
– желбата бр. 2 ќе ја искористам да му дајт на Димче господ ум и кувет и конечно уличарскиот речник, вадењето на полови мали органи на маса и омаловажувањето на македонскиот народ со таквиот речник да го замени, со достоинствен однос како што доликува на една држава како што е Македонија, но и на еден политичар кој што сака да е некаков фактор во земја која е цивилизациска лулка и земја која фолиранти и мики мауси ко него довро ги препознаваат…‼️
– желбата бр. 3 ќе ја искористам да му посакам успешен настап и втора победа на евровизија,после првиот настап и победа која по многу параметри беше историска за одредени целни групи‼️
👉 можам и да рецитирам ко него, ама ќе остам за во некоја друга прилика 😀
‼️Оркестрираниот и синхронизиран напад врз мене, го разбирам и ќе го издржам.. Македонскиот народ е доволно интелегентен, да процени и за штениците во самиот политички систем, но и за игрите кои во позадина и се случуваат веќе неколку години на Македонија. Во време кога Македонија ја води најнеспособната влада што некогаш владеела, да се занимаваш со опозицијата( како дел од „опозиција“) и тоа пазите при промена на спикер на собрание, по повод формирање на техничка влада,говори за намерите и целта на постоењето на одредена партија како што е вашата‼️
👉 Ви благодарам за интересот и за се што правите изминатите години против мене, но јас ќе продолжам по вистинскиот пат, по патот за кој бев избран од охриѓани, по патот кој ќе донесе нови и убави ветришта за Охрид‼️
И да не заборавам пак ќе ве газиме на избори, затоа што друг избор немаме‼️‼️
Ps. Крајот ви се ближи‼️