Камчев објасна една средба со Катица Јанева: Кога влегов кај неа таа јадеше мекици и сирење и не ми даде да пробам

0
460

Тужителот Орце Камчев опиша една од средбите со тогашната специјална обвинителка Катица Јанева. Тој објасни дека на сите средби во СЈО бил носен од притвор во затворот Шутка.

Камчев откри дека никогаш не добивал покани за да даде исказ.

Тој откри и како изгледала една од средбите со Јанева.

-Кога влегов кај неа таа јадеше мекици и сирење и не ми даде да пробам. Но тогаш не ми беа побарани пари. Тоа се случи додека бев во домашен притвор, објасни бизнисменот.

извор: Република