Обид за убиство на турски бизнисмен во Истанбул: напаѓачите го застрелале возачот во глава, па избегале

0
119

Турската полиција трага по напаѓачите кои се обиделе да го убијат познатиот турски бизнисмен Хакан Џенгиз, сопственик на компанијата Соло Холдинг.

Нападот се случил во утринските часови на автопатот во Истанбул во близина на наплатната рампа, додека Џенгиз бил во автомобилот со сопругата Зехра.

Според медиумите, двајца напаѓачи на мотор се приближиле до автомобилот и едниот од нив отворил оган. Возачот, кој наводно бил ранет, изгубил контрола над возилото и удрил во автомобилот пред него, а напаѓачите побегнале.

Наводно, Џенгиз и неговата сопруга не биле повредени во нападот.