Гробиштата за миленици наскоро ќе бидат отворени, а ова се дел од правилата кои според градската одлука за погребување на животните ќе важат таму – ќе бидат забранети верски обреди, палење свеќи и оставање храна.
За сопствениците ќе биде достапно гробно место, а ќе има и можност за кремирање. Според претходните најави на претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, крематориумот ќе биде лоциран во Лешче.
Покрај 839-те погребни места кои се наоѓаат на самите гробишта, уште 730 ќе им бидат достапни на корисниците на услугите во блиската шума. Покрај ова ќе има и „градина на сеќавањата“ и место за заеднички погреб. Сите услуги и уредување на гробиштата ќе ги врши ПУК „Погребне Услуге“.
Се разбира, сопствениците кои ќе се одлучат за опцијата да ги закопаат своите миленици на гробиштата ќе ги платат трошоците за погреб, транспорт и одржување на гробницата. Строго ќе биде забрането оставање храна, вршење верски обреди и палење свеќи на парцелата, а прекршокот ќе ги плати глобите пропишани со Одлуката.
telegraf.rs