Полициски службеници на СВР Тетово вчера (30 јануари) околу 11 часот и 30 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово. Тие се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило „хонда“ и без регистарски ознаки и дозвола го управувале. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на неговиот 35-годишен сопственик А.Ј. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Related Posts
Извршен вонреден инспекциски надзор во градинката во Шуто Оризари, во која беше повредено 11-месечното девојче
Извршен е вонреден инспекциски надзор во градинката во Шуто Оризари по случајот со 11-месечното бебе, кое според тврдењето на родителите,…
Пронајдено безживотно тело на маж во Кавадарци со видливи изгореници
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во семејна куќа во која беше пронајдено…
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
На 21.12.2023 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода И.С. (26) од струмичко. При преглед…