Мицкоски од денес во дводневна посета на Швајцарија на Конференција со задграничните комитети и средби со дијаспората

0
116

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и членот на ИК Драган Ковачки од денес ќе биде во дводневна посета на Швајцарија.

Посетата ќе започне во Женева со конференција со задграничните комитети каде ќе се разговара за состојбите во Македонија, статусот на дијаспората и потребата за јакнење на врските со македонските иселеници.

Истиот ден ќе се оддржи и трибина во Лозана каде ќе се збори за идните планови за развој на Македонија и потребата за градење на заедништво со дијаспората и промени на актуелните состојби во Македонија.

Наредниот ден на 04.02.2024 ќе ја посети македонската црква во Тринген, а потоа ќе се оддржи трибина со македонската дијаспора во Тринген.

извор: ВМРО ДПМНЕ