Алсат: Зијадин Села насилно влегол во седиштето на АА

0
170

Поранешниот претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села го узурпирал седиштето на партијата во Тетово, објави Алсат.

Како што пренесува телевизијата, по јавната изјава на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, дека за изборите треба да се спојат со албанската опозиција, Зијадин Села со помош на полицијата го узурпирал седиштето на партијата.

Тој како претседател на Централното собрание на партијата, вечерва на прес-конференцијата рече дека свикува седница на партиското телоа за во сабота, а на која ќе се бара одговорност од Таравари.

Тој додаде дека и покрај одлуката на партиските органи Алијанса за Албанците да оди самостојно на парламентарните избори, Таравари решил партијата да оди на избори заедно со опозициските партии на Албанците.