TV 21: Кој го поддржува Таравари, а кој Села? – Одлуката на претседателот ги изнесе на виделина ставовите на функционерите на АА

0
190

По објавувањето на одлуката на Арбен Таравари како претседател на АА да излезе на избори со албанската опозиција ЕСП, преплавија реакции од сопартијците, од највисоките органи на АА до базата. Ставовите се поделени, како што ТВ21 неколку пати до сега објави дека во оваа партија има различни мислења за тоа како да се оди на избори, иако тоа континуирано беше демантирано од функционерите на оваа партија, објави mk.tv21.tv.

Меѓу првите кои се спротивставија на одлуката на Таравари е генералниот секретар на партијата, некогашен министер, Кренар Лога, кој го повика Централното собрание да ја почитува одлуката на Централното претседателство АА да оди сама на изборите. По Лога, против излезе и поранешниот претседател на партијата, сега претседател на Централното собрание, Зијадин Села, кој статусот на Таравари на ФБ го нарече циничен чин за кој мора да даде отчет пред партијата.

По одлуката на Таравари и реакцијата на Села и Лога, стана јасно кој кого поддржува.

Почнуваме со потпретседателите. Ељми Азири, исто така и пратеник, рече дека е „чудна комуникацијата на претседателот на партијата преку социјалните мрежи и дека единствената одлука на претседателството на партијата е Алијанса да излезе сама на изборите!“. Другиот потпретседател, исто така пратеничка, Илире Даути, е на истата линија. Таа му напиша на Таравари „НЕ, благодарам! Слободата на одлучување на членството не ја заменуваме за ништо“, додавајќи дека „Единствениот предлог што го изгласа Претседателството и за кој вие гласавте е: Алијанса за Албанците сами да оди на изборите“. За разлика од овие двајца потпретседатели, третата молчи на социјалните мрежи. Бујаре Абази не напиша ништо, но единствената реакција што ја направи на објавата на Таравари на Фејсбук беше „Лајк“.

Текстот во целост на: mk.tv21.tv