Сеуште гори на врвот на планината Жеден

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.986 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,89%, а 59,11% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 47,35%, кон Итната медицинска помош 34,44%, кон пожарникарите 15,56%, а кон АМСМ 0,35% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 2,65% со другите 50,23% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.182 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

ЦУК информира дека пожари на шуми и на вегетација на отворено, според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има, така што и во последното деноноќие имало 17 регистрирани по пријава, за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Помалите противпожарни интервенции на отворено во одредени случаи и не ги бројат.

Од 17-те „зимски“ пожари на отворено се уште два се активни: на Шар Планина и на планината Жеден.

Во ЦУК во 06.05 часот е добиена информација од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје и Полициска станица Сарај дека пожарот околу врвот на планината Жеден, каде што гори претежно трева и евентуално грмушки се уште е активен, но со намелен интензитет и дека заради тоа што во текот на денот постои можност од негово разгорување, тој ќе се надгледува. Вчера, заради ноќни улови и непристапен терен скопската БППЗ не можеше да интервенира.
Од Национален парк „Шар Планина“ известуваат дека утрово ќе одат на терен да ја видат состојбата со пожарот над село Вешала, а во пониските делови на Шар Планина и ќе известат за ситуацијата. Вчера Во текот на вчерашниот ден, согласно теренот и условите, екипи на ТППЕ Тетово и ренџери од Национален парк „Шар Планина“ учествуваа во негово гаснење, велат од ЦУК.

Инаку, во државата во последното деноноќие биле изгаснати поголем број пријавени пожари на отворено. Конкретно 15 гаснеле пожарникарите од: Скопје (3 пожари), Прилеп (2 пожара), Охрид (2 пожара), Свети Николе, Кочани (2 пожара), Делчево, Крива Паланка и од Гостивар (3 пожари).

Регионалниот ЦУК Тетово известува дека е утврдено дека неисправна вода за пиење има во село Палатица во училиштето, с. Озормиште во училиштето, во с. Гајре кај џамија и во хотел „Арена“ на Попова Шапка, според последното испитување на вода од страна на ЈЗУ-Тетово.

Апелираме да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар да се пријавува на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено посочуваме да се следат препораките и информациите од медиумите, велат од ЦУК.