Скопски Водовод има нов директор

Град Скопје информира дека на местото нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ е назначен Виктор Панчевски.

Оттаму посочуваат дека Панчевски доаѓа на позицијата како „професионалец од јавното претпријатие „Паркови и зеленила“ и значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие“.

Во наредниот период ЈП Водовод и Канализација, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието, наведуваат од Град Скопје.