Низа активности по повод одбележување на годишнината од смртта на Григор Прличев во Охрид

0
24

Во рамки на празнувањата по повод одбележување на годишнината од смртта на Григор Прличев, денеска, положивме свежо цвеќе во дворот на ООУ „Григор Прличев“ по што се одржа панихида на вечното почивалиште на великанот. Општинската делегација положи цвеќе и се поклони пред спомен бистата на великанот и пред градската библиотека, напиша на својот ФБ прфил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение на објавата градоначалникот додава:

Во спомен куќата која го носи неговото име, продолжија свеченостите за македонскиот и охридски великан Григор Прличев. Настанот започна со познатата „1762 лето“ во изведба на групата „Св.Софија“ и вокалистите Митко Колушевски и Венко Пашовски.
Во името на локалната самоуправа, пред присутните се обрати заменик градоначалникот Перчо Божиновски. Пред присутните беа прочитени и првонаградените литературни творби на ученичките Матеја Колеска и Ивана Митре. Како локална самоуправа која води исклучителна грижа за нашите историски и културни вредности, ја продолжуваме акцијата за печатење на книги со Брајово писмо. Годинава доделивме два примероци на книгата “Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Здружението на слепи лица од Охрид.

извор: ФБ Кирил Пецаков