Славески: Дали сте нормални??!! Ќе го затварале ТЕ-ТО, затоа што бил руска инвестиција

Дали сте нормални??!! Ќе го затварале ТЕ-ТО, затоа што бил руска инвестиција, и ќе го заменеле со грчки Митилинеос, кој нашите енергетски експерти го окарактеризираа како “втор Чебрен)!, реагира Трајко Славески, на социјалната мрежа X.

Зошто не ѝ кажете на македонската јавност дека според Euractiv во Унгарија работат околу 700 руски компании, од кои стотина биле основани по започнувањето на руско-украинската војна? Исто така, во Германија при крајот на 2022 година, работеле 1713 компании во руска сопственост.

Задача на државните функционери е првенствено да се грижат за заштита на интересите на сопствената држава (доколку како таква ја чувствуваат), а не да спроведуваат туѓи агенди на штета на виталните интереси на нашите граѓани.