Камион излетал од патот кај Винковци, Хрватска -завршил во куќа

Камионот излетал од патот во близина на Винковци и влетал во куќа, го пробил ѕидот и завршил во детската соба, каде во тоа време се наоѓало 14-годишно девојче.

Две лица се повредени утрово во сообраќајна несреќа во Мирковци кај Винковци откако камион излетал од патот и влетал во куќа, информираат од Вуковарско-сремската полиција, пренесува Индекс.

Возачот изгубил контрола и со камионот влетал во детската соба каде во моментот се наоѓало 14-годишно девојче. Девојчето е пренесено во болницата во Винковац со расекотини и повреди на главата. Камионџијата има скршеница на носот, но по сопствена желба сакал да ја напушти болницата.

– Се разбудив, отидов да се напијам кафе и наеднаш слушнав како се крши стаклото, се затресе и куќата, во еден миг помислив дека е земјотрес. Но сопругата дојде викајќи: „брзо доаѓај горе, покривот падна!“ – изјави за РТЛ, Марко Микшиќ, сопственик на куќата.

Камионот буквално влетал во куќата, го пробил ѕидот и завршил во детската соба, каде во тоа време се наоѓало 14-годишно девојче.

Фото архива