Тенорот Мустафа Имери сменет од работната позиција: „Ме разрешија поради објавена фотографија и искажан личен став“

Поради јавно искажан личен став и објавена фотографија ме разрешија од работната позиција, реагира денеска Мустафа Имери, тенор и раководител на катедрата по албански во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“. Како што вели Имери, информацијата ја добил од раководството на училиштето, на неговата електронска пошта, без конкретно образложение. Како што оценува тој, причината е политички реваншизам.

„Ме избркаа затоа што пред неколку дена на социјалните мрежи јавно поддржав поинакво мислење и беше објавена фотографија со еден од лидерите на Европскиот сојуз за промени, господинот Изет Меџити“, рече Имери.

извор: alsat.mk