Турскиот астронаут Гезеравџи се врати дома откако успешно ја заврши мисијата

0
93

Алпер Гезеравџи, кој ја заврши турската научна вселенска мисија со екипаж и слета на Земјата по 18 дена поминати на Меѓународната вселенска станица (ИСС), се врати дома, јавува Анадолу.

Турскиот астронаут, по успешната мисија во вселената, беше пречекан од министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Качир и други официјални лица на аеродромот Есенбога во главниот град на Туркије, Анкара.

Гезеравџи и неговото семејство беа пречекани од група деца што му врачија цвеќиња, му честитаа и аплаудираа користејќи ја можноста да се фотографираат со него.

Туркије стана 22. земја што стигна до Меѓународната вселенска станица.

Капсулата Драгон на Спејс Икс со екипажот Ax-3, слета во океанот во близина на брегот на Флорида во петокот. Екипажот на Ax-3 ја напушти ИСС на 7 февруари во 17:20 часот по средноевропско време.

Капсулата Драгон, со екипажот Ax-3, успешно е лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА во Флорида на 18 јануари. Екипажот на Ax-3, чие патување траеше околу 36 часа, пристигна на ИСС на 20 јануари.

За време на нивниот двонеделен престој на станицата, пилотот на турските воздухопловни сили, полковник Алпер Гезеравџи и уште тројца членови на екипажот од Шпанија, Италија и Шведска извршија повеќе од 30 научни експерименти, од кои околу половина космонаутот од Туркије ги изврши сам.

 

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.