Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

0
40

На 12.02.2024 во 14.45 часот на подрачје на Kарпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.К.(39) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.