Откако младиот Леонид со специјален хеликоптер беше пренесен во Виена на лекување, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство.Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот.–Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена. Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето! При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.
Related Posts
Во тек е стручен надзор – извештајот треба да ги покажат причините за смртта на шестгодишното девојче во Битола
Во тек е стручен надзор, а во меѓувреме се очекува извештајот од обдукцијата за смртта на шестгодишното девојче во Битола,…
Од денеска се одмрзнуваат маржите за лебот, млекото, јајцата.. што да очекуваме?
Денеска завршува владината мерка за ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи, која беше воведена за време на кризната…
Зеќири доби нови 30 денови притвор
Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, доби нови 30 денови притвор, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје. Инаку, тој…